Проширете ги вашите хоризонти:

Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ ги отвора вашите документи на светот

Добредојдовте во Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ, професионална агенција за преведување

Преведувањето е вештина и уметност, практикувана од страна на луѓе коишто мора да поседуваат повеќе отколку само јазична флуентност

Преведувачите мора да поседуваат одлични вештини на пишување, културно разбирање, техничка експертиза и заедничка смисла како и гордост во нивната работа. Ние го доделуваме секој документ само на професионален и квалификуван преведувач, толкувач, лектор, редактор и проект менаџер со многугодишно искуство и добро познавање на односната материја.

Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ е искусна агенција за преведување специјализирана во сложени и многу обемни преводи. Основана во Скопје, главниот град на Република Македонија, нашата агенција за преведување со преку 10 години докажано искуство ќе одговори на сите потреби за преводи на вашата организација. Со помош на најискусните преведувачи, ние специјализираме во обезбедување на висококвалитетни преводи извршени од страна на одбрани тимови преведувачи. Како агенција со комплетна услуга, нашата услуга вклучува превод, редактура и лектура без дополнителен трошок, како и превод на сите видови документи во и од сите видови формати. Нашите експертски лингвисти преведуваат милиони зборови месечно, успешно доставувајќи проекти на клиенти, влади и невладини организации во речиси секоја главна индустрија. Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ овозможува пишана и усна комуникација меѓу нашите клиенти и светот. Ние сме обврзани на совршенство, точност и културно соодветно пренесување на оригиналната порака на секој јазик, место или култура.

Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ  е постојано одбиран меѓу многу преведувачки агенции како последица на неговата способност за обезбедување на супериорна точност, навремено доставување и економски оправдана понуда.

Секој дел од вашиот проект ќе биде сработен професионално и доверливо. Како клиент, вие може да се потпрете на Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ за успешно организирање на текот на вашиот проект и обезбедување највисок квалитет на пазарот по најконкурентни цели.

Каде лежи тајната на нашите преводи? Еден цел тим на професионални и искусни преведувачи соработува со нас. Секој од нив е специјализиран во својата област на преведување и го познава посебниот вокабулар. Согласно овој факт Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ е способен да обезбеди квалитет и точност во преведувањето на еден текст посветен на речиси секој предмет. Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ користи професионални преведувачи и се стреми кон обезбедување:

Квалитет: Ние обезбедуваме превод со највисок квалитет само од страна на професионални преведувачи. Нашите  преведувачи прават многу повеќе од пренесување зборови и фрази од еден јазик на друг, тие дејствуваат како олеснувачи за интеркултурна комуникација.

Доверливост: Ние ја штитиме довербата на нашите клиенти и нивните информации. Како дел од преведувачкиот тим на Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ , нашите преведувачи се обврзани на договори за доверливост - дополнителен чекор за обезбедување на приватност на информации на нашите клиенти.

Култура: Ние ги посочуваме културните разлики што имаат негативно влијание или однос во комуникациите со нашите клиенти.

Јазична свест: Ние сме свесни за соодветните јазични варијации и дијалекти за целните земји или култури, и доколку е потребно, ние користиме преведувачи кои се природни говорители. Ние исто така ќе одбереме преведувачи кои специјализираат во вашата област и посебниот дијалект за да работат на вашиот проект.

Комуникација: Ќе ве известуваме! Нашите преведувачи секојдневно не известуваат за напредокот, со цел да се помогне на проект менаџерите да ве известуваат за вашиот распоред на проектот. И нашиот персонал за производство и за маркетинг е во секојдневна комуникација за напредокот на проектот.

Внимателно ревидираме со самото преведување, со цел да се произведе беспрекорен пренос од оригиналот во преведениот текст. Ние ги следиме последните технолошки развои - од софтвери за автоматски превод до електронски речници - само како додаток на нашата темелна обработка на секој проект. Ние создаваме ефикасна и ефективна работна средина, со одлична комуникација меѓу сите страни вклучени во задачата.

Нашите преведувачи користат современи алатки за преведување како што се Wordfast, Transit, Trados, GoCat, и други за целите на обезбедување на преводи со висок квалитет, како и веродостоен и професионален превод.

Нашата мисија е да обезбедиме решенија со кои ќе им се овозможи на деловните и институционалните организации точно да ги пренесуваат своите идеи и визии на клиентите на странски пазари. Преку надминување на очекувањата на вашите клиенти во смисла на квалитет, ефикасност и етички стандарди ние ќе продолжиме да ги прошируваме нашите активности.

Го цениме вашиот интерес за нашата организација и добредојдени сте за можноста да им излеземе во пресрет на вашите потреби.

 

Со почит, IN & OUT TCC