Друштвото за услуги и курсеви за странски јазици – ИН и АУТ  е присутно на македонскиот пазар од септември 2001 година, започнувајќи да работи како училиште за странски јазици за да ја прошири својата дејност  и да прерасне во агенција за преводи која денес претставува лидер на пазарот во оваа област и ја има стекнато довербата на потрошувачите како резултат на квалитетните и професионалните услуги кои ги нуди.

Компанијата располага со сопствен деловен и канцелариски простор потребен за предвидените активности како и други современи помагала кои овозможуваат ефикасно и навремено извршување на интелектуалните услуги. Работниот тим е сочинет од висококвалификувани професионалци кои располагаат со специфично знаење и искуство од односната област и кои секогаш навремено и професионално одговараат на потребите на потрошувачите.

Развојот на компанијата придонесе за професионален успех и успешна соработка со многу домашни владини институции (Секретаријат за европски прашања, Собрание на Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика на РМ, Министерство за економија на РМ, Секретаријат за законодавство на РМ, Фонд за здравствено осигурување на РМ, Проектна единица за координација при министерство за здравство на РМ и тн), странски владини институции ( Генерален секретаријат на Република Словенија), невладини организации ( Балканска фондација за деца и млади, Глобална едукација, Институт за добро управување и евроатлантски перспективи) и многу домашни и странски приватни компании.(Нормак проект, Астрекс, СИНТЕФ, БАР Е. Ц. Е, Стар груп - Словенија, АД МЕПСО, Македонски пошти, Би- Мек, Комуна АД – Скопје, Урбан рурален консалтинг – Скопје, Урбан инвест, Национален институт за демократија - Скопје).

Компанијата продолжува да биде лидер на домашниот и регионалните пазари преку понатамошна професионална, навремена и квалитетна услуга , како и преку вложување во своите професионални и технички капацитети.