Превод на правни документи и судски преводи

Издигнете ја вашата деловна активност на повисоко ниво  на комуникација со клиенти со помош на користење на услугите на Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ. Почнувајќи од 2001 година нашата традиција за обезбедување на нашите клиенти со навремени, високо квалитетни и економични  преведувачки услуги продолжува секојдневно да се шири. Ние нудиме стручност во сите светски јазици и ги обезбедуваме најквалификуваните преведувачи и најдостапните повеќејазични услуги. Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ нека биде вашиот избор за сите ваши интернационални јазични потреби прифаќајќи ги во целост предностите на можностите што ви ги нудиме ние и нашата агенција. Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ нуди заверени, превод на правни документи на сите јазици. Преведените документи со гаранција ќе бидат прифатени за правни цели. Ние гарантираме преведувачки услуги со највисок квалитет и најниски цени.

Услуги за превод на правни документи

  • Изводи од матична книга на родени/умрени
  • Извод од матична книга на венчани
  • Документи за развод
  • Дипломи, Преписи
  • Уверенија
  • Договори/Спогодби
  • Упатства за користење/Прирачници
  • Пресуди/Жалби
  • Вебсајтови/Билтени
  • Повеќејазични документи

Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ овозможува услуги  на заверен превод поддржани од една од светски најпочитуваните преведувачки агенции. И вие можете да го добиете вашиот превод БРЗО!

Нашите професионални преведувачи се судски преведувачи, експерти во јазиците што ги преведуваат и тие се многу искусни во обезбедување на сите елементи што ви се потребни (како што се потпис, печат, заверка, препораки) со цел вашиот превод  да биде прифатен. Тие се исто така искусни во обезбедување на сите работи побарани од вашите работодавци, училишта, универзитети. Доколку ви е потребна соодветна преведувачка услуга со можност за брзо разбирање и брз одговор на вашите потреби, Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ очекува да се јавите.

Нашите преведувачи ќе ги преведат вашите документи и ќе обезбедат изјава за тоа дека текстот на целниот јазик е точен и целосен превод на текстот на изворниот јазик. Судскиот преведувач исто така ќе вклучи и службен печат или заверка. Услугата за превод на службен документ е точна не само во рамките на јазикот туку и во изгледот. Вашите документи ќе бидат прецизно форматирани за да го изразат изворниот документ.

Ние имаме пристап до правни експерти во многу посебни области од правото како што се:

* управно право

* банкарско право

* стечајно право

* предметно право

* граѓанско право

* трговско право

* јавно право

* право на трговски друштва

* конкурентно право

* уставно право

* меѓународно право

* договорно право

* авторско право

* казнено право

* материјално право

* еколошко право

* семејно право

* право на индустриска сопственост

* право на обезбедување

* право на интелектуална сопственост

* финансово право

* наследно право

* процесно право

* територијално право

* друго

Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ има судски преведувачи; ние можеме да ви завериме документи како вистински и официјални преводи. Со искусни, судски и добро квалификувана светска класа преведувачи опремени со модерни технолошки помагала за преведување Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ ќе ви обезбеди брз, загарантиран и економичен превод на вашите документи на речиси сите светски јазици.