Индивидуалната настава е наменета за корисници кои имаат различни потреби од оние кои ја посетуваат групната настава, кои повеќе преферираат настава„ лице во лице“ или кои заради своите професионални обврски не можат да се прилагодат на групната настава.

Ваков вид на настава се организира доколку посетителите имаат некои посебни барања во врска со содржината на наставата како на пр. подготовка за некоја презентација, службен пат или деловни преговори.

Вака прилагодената индивидуална настава овозможува избор на материјали од кои ќе се учи од страна на посетителот и флексибилност во однос на времето кога ќе се одржува наставата како и во однос на местото каде ќе се изведува истата.

Доколку  на посетителот на наставата не му одговара договорениот термин може да го откаже часот , а пропуштеното да го надомести во термин кога нему најмногу му одговара.

Ваквата настава може да се заснова на стандарден курс или заради посебните барања на клиентот да се изготви посебен наставен програм кој со темпото и темите ќе биде прилагоден на интересите на клиентот.