Симултано преведување

Симултаното преведување претставува сложена, високо стручна вештина што се користи за комуницирање на повеќе јазици. Оваа техника се користи на состаноци за продажба, индустриски конференции, семинари за обуки, тури за разгледување или владини седници, секогаш кога главната грижа е „ефективна“ комуникација.

Нашите преведувачи, сместени во кабини за намалување на бучава, го слушаат претставувањето и симултано преведуваат на нивниот целен јазик.

Во Центарот за преводи и курсеви ИН и АУТ, ние сме посветени кон правење на секој настан успешен. Со над 10 години искуство, нашето знаење и репутација се ваша гаранција дека ние ќе ви обезбедиме врвна услуга.

Нашите услуги за симултано преведувањеви овозможуваат вашата порака да биде слушната на конференции, состаноци, меѓународни семинари и други собири. Нашите преведувачи за симултано преведување се оспособени и искусни во слушање на пораката испратена на еден јазик и соодветно преведување на истата, овозможувајќи меѓународна комуникација на секое случување. Нашите конференциски преведувачи работат во парови користејќи опрема за симултано преведување со цел да се обезбеди успешност на вашиот настан.